РАБОТНА БИОГРАФИЈА



Би сакала да го изразам своето високо почитување и да ја искористам оваа можност да Ви се претставам.

Јас сум и професионален административен асистент и преведувач со значително работно искуство во дипломатскиот сектор како Секретар на Шефот на Мисијата на Меѓународната Организација за Миграција. 

Имам претходно релевантно работно искуство со интернационални проекти. Mојот последен работен ангажман во Македонија беше како Консултант во Министерството за Финансии на проектите на Светската Банка за подобрување на општинските услуги во текот на кој бев задолжена за над дваесет проекти во областа на градежништвото. 

Повратник сум од Шкотска каде живеев и работев 2 години. Мојот  последен работен ангажман надвор од земјата беше во Катар каде работев какао Секретар на Претседателот на градежна компанија која имплементира големи проекти како новиот аеродром во Доха, истовремено и раководев со проект за антитековсака одбрана и тенковско наоружување во соработка со америриканскиот производител на напредни оптички системи Колсман. 

Имам високо познавање на Англискиот јазик, и долгогодишно искуство во работата со информатички технологии, беспрекорно познавање на MS Office, вклучувајки го и книговодствениот софтвер Navision. 
  
Поседувам високо развиени комуникациски и организациски вештини, многу пријатна личност со особена љубезност, посветена сум, снаодлива, динамична и прецизна, со позитивен став, флексибилност, способност за тимска работа и работа под притисок. Работата со луѓе особено ме исполнува. Флексибилна сум во однос на работно време и поседувам Висока работна етика.

Имам завршена средна стручна спрема- културолошки техничар, но моето практично искуство и континуирана едукација се повеќе од висока квалификација која можам да ја понудам во оваа област. 

Би ми претставувала особена чест и задоволство да му се приклучам на Вашиот работен тим.


Веќе подолго време работам самостојно особено во областа на преводот и меѓународните медиуми, меѓународното делување за покревање на свеста на светската јавност во однос на Македонија и нашата позиција, популаризирање на  нашите потенцијали, обезбедување на донации, и странски капитал.

Како високо специјализиран литературен преведувач и долгогодишен професионален извршен секретар, административен асистент и проект координатор со богато искуство во меѓународниот сектор во најдинамичниот период во нашата земја извршував клучни техничко-административни функции, бев инволвирана во проект менаџментот, и имав улога на личен асистент на претставниците на меѓународните организации задолжена првенствено за преводот, професионалната кореспонденција и пишувањето проекти како и говори на ниво на интерагенциски и интервладини односи, со директен придонес врз практичната имплементација на проектни активности од највисок дипломатски ешалон.

Би сакала да напоменам дека се гордеам на тимот на Меѓународната Организација за Миграција во Република Македонија на кој му припаѓав, за резултатите кои успеавме да ги постигнеме во рангирањето на Република Македонија на второто место во извештајот на Стејт Департментот на земји кои успешно ја сузбиваат трговијата со луѓе, благодарајќи на исклучителните напори вложени зо оваа цел.  Исто така сум особено задоволна од достигнувањата на работниот тим на Проектот за унапредување на општинските услуги во Министерството за финансии на Република Македонија со кој реализиравме многу значајни проекти кои директно придонесуваат за нашиот развој.

Ве уверувам дека можам да понудам извонредно искуство во симултаното и консекутивното толкување од англиски на македонски јазик и обратно, зад себе имам богат опус на писмен превод од законодавство па се до развој на проекти, поседувам широко познавање на меѓународните односи и дипломатските протоколи, и особено богат вокабулар и високи литературни способности неопходни за обезбедување на беспрекорен квалитет во преведувањето. Исто така имам исклучителна способност за совладување на обемен материјал и работа под притисок со куси рокови.

Отсекогаш сум ја наоѓала својата највисока амбиција и мотивација во идеалот за изградба на моќен дипломаскиот кадар на нашата земја во што верувам дека е потребен клучен удел со покренување на активности за јавно информирање и лобирање во медиумите на меѓуародната сцена. Убедена сум дека во овој момент на нашата држава и е потребно ништо помалку од маестралност  во секој сегмент на дипломатијата.

Сигурна сум дека дека ќе бидете повеќе од задоволни од мојот придонес во работните предизвици, мојата посветеност на работата, пожртвуваност, организираност, софистицираност, и изградената стручност и спретност во односите со високите претставници на дипломатскиот кор каде лежи мојата втора специјалност не само како искусен преведувач, туку и докажан асистент по протокол во меѓународните институции.

Со оглед на тоа што практичната примена на моите способности за унапредување на земјата ми е императив, од својот работен ангажман очекувам реални резултати во поместување на нашата позиција во странскиот печат и директна афирмација на земјата, како и професионална и лична надградба, и над се лична сатисфакција да и служам на својата земја во чиј неисцрпен потенцијал длабоко верувам.


Докажана сум како посветен тимски играч со изразени интерперсонални способности и посебно чувство за дипломатија, дискреција и градење на топли меѓучовечки односи. Работам ефикасно и хармонично во колегиум составен од персонал од различно културно и професионално потекло. Исклучително сум прилагодлива и со способност за препознавање, предвидување и склоност кон задоволување на потребите на другите. Поседува талент за генерирање на ентузијазам, покревање на духот и самодовербата кај колегите, софистицираност во преговарање и решавање на несогласувања и такт. 

Отпорна сум на притисок и навикната сум на работа со кратки рокови и итни случаи. Одлично се справувам со стресни ситуации и тензија. Поседувам способност за култивирање на продуктивни професионални односи. Поседувам висока моќ на концентрација. Изградена сум во мошне стабилна личност со силна работна етика, лојалност, и оптимизам. 

Креативна сум, снаодлива, енергична и исклучително уреден организатор. Важам за комуникативна личност, со професионален код на однесување и облекување на работното место, воедно јас сум и непушач, во одлична психофизичка кондиција и без никакви здравствени проблеми.

Детерминирана сум во обезбедувањето на чисти, исправни, безбедни и пријатни услови за работа, и амбиент на меѓусебно почитување.

Би сакала уште еднаш да ги повторам изразите на своето највисоко почитување.

Во продолжение e mojata работна биографија.

Наташа Георгиевска


КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИОТ ИСТОРИЈАТ


1999-До денес:
Сопственик/Менаџер, Палата на Баронот на Челикот

Август – Ноември 2014
Личен Секретар и Проект Координатор, Доха, Катар

Јануари 2012-Октомври 2013: 

Публицист, преведувач и автор, Единбург, Велика Британија

Јули 2010-Јуни 2011:
Консултант/Преведувач, Проект за унапредување на општинските услуг, Министерство за Финансии на РМ /Светска Банка

Февруари 2002-Април 2007:
Асистент на Шефот на Мисијата, Меѓународна Организација за Миграција

Јануари 2005-Април 2007:
Проект Асистент, Превенција на тргаовијата со луѓе, ИОМ

Февруари 2002-Април 2007:
Програм Координатор, Германска Програма за Обештетување на Принудниот Труд, Меѓународна Организација за Миграција (ИОМ)

Јануари 1998-Јануари 2002:
Програм Асистент, Јапонски Центар за Активности за Помош

Јануари 2012-Октомври 2013:
Публицист, преведувач и автор, Единбург, Велика Британија

Јули 2008-Декември 2008:
Секретар, Канцеларија на Директорот, СРЦ Системска Интеграција

1999-2013:
Сопственик, Палата на Баронот на Челикот

2000 година:
Менаџер и Моден Дизајнер, Атеље за Висока Мода “Инонидон”

Март-Април 2010:
Маркетинг Референт, Хотел Арка, Скопје

Март 2009-Април 2009:
Претставник за Услуга на Клиенти, “Cargo Success”, Канада

1991-1998:
Моден Дизајнер и Продажен Менаџер, Студио за Висока мода “MG Vogue”

1999 година:
Моден Колумнист, Семеен магазин “Мајка и Дете

Приватни Преводи: 2004: Превод на роман, 2013: Превод, дизајн и уредување на веб страната и блогот на Центарот за Природна Медицина, Скопје, 2011: Превод на материјал за постдипломци на Европскиот Универзитет, 2010 Превод на Докторати од Медицинскиот Факултет, Офталмологија 2009- 2010: Превод на литература, 2008- 2009 Превoд на поезија и проза.

ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

1989-1992: Културолошки Техничар, Гимназија “Јосип Броз Тито” Скопје - Средна стручна спрема
Диплома за завршено средно насочено образование, смер Литература, англиски јазик. Професионален  Архивист, Библиотекар и Музеолог:
1990-1992: Практична обука и стажирање, Универзитетска Библиотека на Република Македонија
1990-1992: Практична обука и стажирање, Национален Музеј на Република Македонија
1990-1992: Практична обука и стажирање, Државен Архив на Република Македонија
2011: Диплома/Англиски јазик, University of Cambridge ESOL, Examinations Entry Level Certificate in ESOL International (Entry 3)* Key English Test.
2006: Диплома/Англиски јазик, Advanced Security in the Field, United Nations Department of Safety and Security
2005: Диплома/Англиски јазик, Standard UN English Language Proficiency’ United Nations Language and Communications Program
2004: Диплома за пишување на извештаи на англиски јазик и компјутерско редактирање, Report Writing and Computer Layout Skills Certificate, IOM Human Resources Management, Geneva
2003: Диплома за пишување на Англиски јазик International Organization for Migration (IOM), Skopje, English Writing Course Certificate, Intermediate level
2003: UN Security Awareness Training Certificate, Basic Security in the Field - Staff Safety, Health, and Welfare

ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ

Microsoft Office - Word, Excel, Power Point, Outlook; Lotus Notes, NAV (Navision) ERP Software; фотокопир машини, скенер и факс машини, фото и видео камери, аудио опрема и диктафони, дизајн и оддржување на веб страни и блогови, самопубликување.

ЈАЗИЦИ

Беспрекорен литературен усмен и писмен англиски, македонски, хрватски, и српски јазик.
Познавање на руски и јапонски јазик (Катакана и Хирагана).

РАБОТНА БИОГРАФИЈА

Меѓународен Сектор

Јули 2010 – Јуни 2011
Консултант/Преведувач, Проект заподобрување на Општинските Услуги, Министерство за Финансии на РМ

Во склоп на Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој, Светска Банка, учествува во успешниот развој и импементација на дваесет проекти во областа на инфраструктурата, екологијата, гасификацијата и друг вид реконструкција на општините. Website: http://www.finance.gov.mk/node/1090

Го извршува целокупниот превод на документацијата и врши симултан превод на состаноците. Подготвува и преведува коресподенција, извештаи, записници, прирачници, технички спецификации, физибилити студии, документи за меѓународни тендери, договори, закони и друга документација од техничка, научна, правна и финансиска природа, ги ревидира електронските информации на релевантните институции, министерства и агенции. Ги подготвува и реализира протоколите, ги организира процедурите и активностите на Единицата за управување со проектите, ги координира активностите за имплементација на проектите, оддржува комуникација со општините, министерствата и други институции и државни органи. Со корегирање и подобрување на проект документите ги презентира успешно истите на основ на што обезбедува нивна реализација т.е. доделување на грантови и подзаеми за инвестиции во јавни услуги кои генерираат приход во општинаите и други инвестиции од висок приоритет со потенцијал за заштеда.

Февруари 2002 - Април 2007
Асистент на Шефот на Мисијата, Меѓународна Организација за Миграција

Асистира раководен тим на водечка меѓувладина организација на полето на миграцијата која обезбедува услуги за владите и мигрантите преку своите канцеларии во над 100 земји, со 146 земји членки, и 13 земји со сатус на набљудувачи.

Задолжена е за превопдот на целокупната официјална документација од канцеларијата на Шефот на мисијата. Подготвува и преведува официјална коресподенција, проектна документација, договори, годишни, месечни и неделни извештаи, и записници. Уредува, корегира, прегледува публикации за печатење, го подобрува стилот и презентацијата на документите. Уредник е на Практикумот за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција (“Practicum on Combat Against Trafficking in Human Beings and Illegal Migration”). Раководи со активностите за информирање и односи со јавноста, подготвува и издава известувања за јавноста, организира прес конференции, интервјуи, донаторски конференции и презентации. Се истакнува со беспрекорни ораторски и писмени квалитети.

Координира мноштво на проекти и организира обука на судството и органите за спроведување на законот. Како дел од тимот придонесува не само во изградба на капацитетите на институциите туку и во хармонизацијата на легислативата, развојот на најдобри модели и практики за одговор на предизвиците, како и дизајнот на кампањи за подигање на јавната свест, воглавно, но не исклучиво на полето на борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и илегалната миграција, рехабилитација и репатријација на жртвите, заштита на сведоците, заштитата на човековите права, иградба на самодовербата кај ранливите категории на население, како и програма за обештетување на принудниот труд од Втората Светска Војна. Како резултат на вложените напори Македонија се наоѓа на второ место во извештајот на Стејт Департментот во успешна борба со трговијата со луѓе.

Ги извршува сите секретарски должности за канцеларијата на Шефот на Мисијата, неговиот заменик, Одговорниот Офицер, Генералниот Програм Координатор, Шефот на Одделот за Правда и Внатрешни Работи, и Шефот на Персонал: Води агенди, координира протоколарни прашања, одговара на телефонските повици, електронската и класичната пошта, воспоставува и раководи со централна архива и систем на регистрација, библиотека и дата база на податоци. Организира интерни и надворешни состаноциисоки, посети на високи делегации, и дипломатски седници. Ја организира и раководи со канцелариската работа, асистира во воспоставувањето и оддржувањето на контактите со Амбасадите, меѓународните агенции, структурите на Обединетите Нации, државните институции, и невладиниот сектор.

На редовните координативни состаноци во oрганизација на UNICEF посветени на едукативните проекти и просветата, ја претставува Меѓународната Организација за Миграција и програмите за помош и реконструкција на училиштата спроведени од IOM Confidence Building Initiative финансирани од USAID. Овозможува вмрежување со НВО секторот иницирајќи и воспоставувајќи соработка со локални организации од невладиниот сектор за превземање на одговорностите за раководење со дневните активности во прифатилиштето за жртвите на трговија со луѓе. Изготвува компилација на студуја за имплементација за развој на програмата Социјална и економска рехабилитација преку услуги за помош при вработувањето. Ја координара работата на подготовката на Integral Border Service Assessment and Strategic Development Project во РМ извршена во соработка со Европската Агенција за реконструкција. Го комплетира исражувањето во однос на националната миграција за развој на програмата Центар за помош на мигранти. Спроведува истражување на потребите за рехабилитација на област погодена од конфликтот. Асистент е во програмата за превенцијата на трговијата со луѓе преку формална едукација во регионот на западен Балкан. Учествува во организирањето на истражувања за програма за помош на уличните деца и многу други.




Јануари 2005 - Април 2007
Проект Асистент, Проект за превенција на тргаовијата со луѓе и активности за изградба на институционалниот капацитет, Меѓународна Организација за Миграција

Раководи со администрацијата на повеќемилионски проект  финансиран од страна на Финската влада за превенција на трговија со луѓе, заштита и помош на жртвите од истата на Балканот и во соседните земји преку примена на конкретни мерки во Косово и Република Македонија.

Обезбедува превод, административна поддршка и асистенција во имплементацијата на проектот. Подготвува локални и меѓународни состаноци, конференции и донаторски седници, се грижи лично и е одговорна за доверливоста на работата, ја оддржува и надградува програмската архива и систем на евидентирање на документација. Website: http://www.iomskopje.org.mk/

Февруари 2002 - Април 2007 
Програм Координатор, Германска Програма за Обештетување на Принудниот Труд, Меѓународна Организација за Миграција

Ја комплетира администрацијата на Програмата за компензација основана по законот за Германска Фондација (German Foundation Act) за процесирање на барањата за финнансиска компензација на поранешните ропски и принудни работници и други жртви на Германската национал - социјалистичка неправда. http://www.iom.int/jahia/Jahia/activities/by-theme/reparation-programmes/forced-labour-compensation-programme

Го извршува преводот, регистрацијата на барањата, ја средува архивата на програмата според процедурите на GFLCP, изготвува и преведува официјална коресподенција, ги процесира технички барањата и помага на барателите да ги комплетираат истите, извршува категоризација, решава деликатни прашања, издава официјални соопштенија за јавност и раководи со односите со јавноста како и коресподенцијата по завршување на проектот и обезбедува услуги и информации за барателите во однос на поднесените барања.

Јануари 1998 - Јануари 2002
Програм Асистент , Јапонски Центар за Активности за Помош

Извршува функција на преведувач и личен секретар на Раковдниот Директор.

Раководи со имплементацијата на повеќесложни хуманитарни програми финансирани од Јапонската Влада наменети за помош на Република Македонија.

Развива и имплементира самооддржлив социјал-економски проект  преку основање на индустриски погон за текстилно производство со цел генерирање на приход и стручна обука на ранливи категории на жени во мултиетнички средини.

Организира комплетна рехабилитација и опремување на Одделот за Интензивна Нега на Клиниката за Инфективни Болести во Државната Болница во Скопје.

Асистира во организирањето и обезбедувањето на опрема за еколошки проект Чиста и  Зелена Околина, Автокоманда.

Јули 2008 - Декември 2008
Секретар, Канцеларија на Директорот, СРЦ Системска Интеграција

Како личен секретар на менаџерот обезбедува ефикасна администартивна поддршка на регионалната канцеларија на реномирана меѓународна компанија за интегрирани информативни и тенолошки солуции, консалтинг, компјутерски и комуникациски инженеринг и развој и имплементација на решенија во областа на финансиските институции, трговијата, јавната администрација и здравствената заштита, воглавно одговорна за источно европскиот регион.

Ги извршува сите техничко-административни функции, подготвува финансиски и други правни формулари, одговорна е за реализација на сите парашања поврзани со книговодството, банките, бирото за вработување, подготовката на тендерската документација и следењето на локалните и меѓународните јавни повици за наддавање, воведување на банкарските трансакции во софтверската програма Dynamics NAV (Navision) ERP, раководењето со архивата, пречекот и организацијата за посетите на делегациите и клиентите, состаноците, организација на патувања на персоналот на меѓународни семинари, спроведување на кадровските протоколи, и набавките.

Јануари 2012 - Октомври 2013
Самостоен Автор, Предедувач и Публицист

Го комплетира ракописот за својот прв роман на англиски јазик и објавува поезија и проза во меѓународни онлајн магазин, како и на сопствен блог за литература, и моментално подготвува опус на поезија за Њујоршкото друштво на писатели  и избор на поезија за странски издавач.

Како личен асистент и поблицист на авторот Џон Андерсон Џек, започнува превод од англиски на македонски јазик и асистира во компилацијата, ревизијата и едитирањето на материјалот за дисутопискиот роман "Abattoir", како и антологија на поезија од истиот автор. Покрај класичната дактилграфска поддршка во подготувањето на материјалите, нивното сортирање, умножување и дистрибуција, подготвува концепт за имплементација на акционен план за пропагандна кампања за горенаведеното дело, управува со односите со јавноста, подготвува литературна критика, збирка на коментари, воспоставува врски со писатели и издавачи, и раководи со активностите во однос на интернет публикувањето и промоцијата.

1999 година 
Моден Колумнист, Семеен магазин “Мајка и Дете Јуни

Автор е на неделни колумни посветени на високата мода, моден историјат и нови дизајнери

ПРИВАТНИ ПРЕВОДИ 

Јануари - Февруари 2013 Преводи, редактирање на литература и дизајн на веб страна
Центар за Природна Медицина Скопје

Јуни 2011- Февруари 2011 Англиско/Македонски превод на универзитетски наставен материјал
Судски случаи на воени злосторства пред меѓународниот суд на правдата во Хаг наменети зз постдипломци од Правниот Факултет на Европскиот Универзитет во Скопје

Мај 2010 - Јули 2010 Англиско/ Македонски Превод на Медицински Докторати
Миопија, Катаракта и Ласерски Третмани, Офталмологија

Април 2009 - Април 20010 Македонско/Англиски превод на Литература
Збирка на наградени раскази

Јануари 2008 - Март 2009 Англиско/Македонски превод на поезија и проза

Април 2007- Јули 2008 Македонско/Англиски превод на Публикација
Едиција од областа на нутриционизмот и природната медицина “Природата Извор на Здравје”


САМОВРАБОТУВАЊЕ

Од 1999 година до денес: Сопственик, Палата на Баронот на Челикот
Како сопственик и менаџер на мал бизнис - резиденција за дипломати, одговорна е за реставрација, реновирање, уредување и раководење со апартман со пет ѕвездички лоциран во историска палата во центарот на Скопје. Управува со администрацијата и маркатингот, односите со клиентите, воглавно високи претставници на дипломатскиот кор, и амбасадите. Го организира работењето и врши надзор на набавките, поправките и оддржувањето. http://thesteelbaronpalce.webs.com/

2000 година: Менаџер и Моден Дизајнер, Атеље за Висока Мода Инонидон
Основа свој моден бренд и управува со Атеље за висока мода каде дизајнира уникатни женски колекции за посебна клиентела.


1991-1998 : Моден Дизајнер и Продажен Менаџер, Студио за Висока мода “MG Vogue”
Дизајнира ексклузивни колекции за семеен бутик за висока мода и кројачко студио кое воглавно се бави со производство на уникатен дизајн за клиенти од културниот и уметничкиот живот како и костимографија за филмски проекти, театарски претстави, опера и балет и телевизиски информативни програми. Го планира и надгледува производството, раководи со маркетинг презентацијата и продажбата. Препораки: г-ца. Марија Георгиева, Сопственик и Директор, MG Vogue

СТАЖИРАЊЕ И ДОБРОВОЛНА РАБОТА

Март-Април 2010: Маркетинг Референт, Хотел Арка, Скопје
Осмислува и имплементира маркетинг кампања со фокус на промовирање на конференции, семинари и приеми. Задолжена e за презентации на клиентела од меѓународниот сектор и дипломатскиот кор, организија на концерти, сместување на артистите, и маркетингот на манифестациите.Website: http://www.hotel-arka.com.mk/en

Март 2009 - Април 2009: Претставник за Услуга на Клиенти, “Cargo Success”
Маркетинг на софистицирана софтверска програма за шпедитерски аукции преку која се поврзуваат превозниците во Канада со барателите на превозни услуги во Австралија. Извршува регистрација на клиентите и продажба на претплата во системот на англиски јазик.

Јануари 2002- Јануари 2003
Основач и Секретар, Хуманитарна Организација HERO

Конципира програми за исхрана и медицинска помош и ја води администрацијата.